Педесетница - Духовден

На 27.05.2018 На празникот Педесетница-Духовден, Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф богослужеше Златоустова литургија во соборниот храм Пресвета Богородица во Гостивар.По литургија според типикот се отслужи и вечерна богослужба со читање на молитвите за призив на Светиот Дух.Истиот ден во храмот св.Атанасиј во с.Ратае-Тетовско Митрополитот г.Јосиф изврши св.Тајна крштеније на чедата божји Лина и Леа Стевоски од с.Ратае-Тетовско.